Померанците се едни од најпознатите мали раси на кучиња кои го привлекуваат вниманието на секој љубител на кучиња, вклучително и на познати композитори како Моцарт и Шопен, кои што дури имаат компонорано и песни наманети за померанците!
Во оваа статија, ќе направиме осврт на померанец/померанец шпиц расата чија што популарност во изминатиот период се повеќе расте поради многубројни причини, за кои што ќе имате да ги прочитате во следните неколку минути!
Расата померанец, која е исто позната како померанец шпиц, потекнува од истоимениот регион кој што денеска спаѓа во териториите на Германија и Полска - Померанија, во која оваа раса на кучиња е најмногу популарна.
За ваша информација, померанците се припадници на најмалата раса на кучињата познати како Шпиц, кои се синоним за кучиња со густа коса, завиткана опашка, и на остри, исправени уши од кои како најпознати се издвојуваат чиу-чиу, акита-ину и сл.
Померанците за прв пат на јавната сцена се здобиваат со популарност благодарејќи и на кралицата Викторија која што била сопственик на мини pomeranec, а на нивниот изглед не останале рамнодушни ни најголемите композитори од рангот на Моцарт и Шопен, кои исто така поседувале вакви кучиња.
Она што ги прави овие домашни миленици толку популарни се слаткиот и впечатлив изглед, влакното, бестрашниот став но и посебната грижа која е повеќе од потребна за да вашите померанци можат да имаат квалитетен живот каков што заслужуваат.
Генерално, просечната висина на машките померанци се движи од 13-28цм, со тежина од биде од 1,9 до 3,5 килограми, додека пак, димензиите кај женските се за 5-10% помали.
Имајќи го предвид фактот што тие спаѓаат во мали раси на кучиња, истите се идеални за чување во станови и куќи, бидејќи просторот во кој што живеат не мора да биде огромен за тие да имаат нормален живот, како што е случајот со поголемите кучиња.
Кога ќе здогледате померанец/померанци, она што нема да помине незабележително е нивното влакно кое што има специфични два слоја - првиот слој е густ и вунест, додека пак, вториот е сочинет од подолги влакна кои што се неизмерно меки.
Кога станува збор за главата, физиономијата е многу слична како и кај лисиците - главата е широка во задниот дел, но како што се доближувате до устата, таа се стеснува, а крајниот резултат е прекрасно куче со значајни истакнати влакна кои го обвиваат целото тело.
Во поглед на бојата, померанците можат да имаат жолто-кремава, окер боја, црвеникава боја, тотално бела или црна боја, а без разлика на изборот, овие кучиња нема никогаш да Ве остават рамнодушни!
За крај, би сакале да Ве известиме дека екстремитетите на овие мали раси на кучиња се малечки и кратки, но она што е интересно е тоа што тие се мускулести, па така, тоа ги прави да бидат повеќе од агилни.
Померанскиот шпиц е познат по високата интелигенција која го прави ова куче идеално за тренинг, но и за учење на многубројни трикови кои ќе ги добиете за возврат, а тоа значи и одлична атмосфера во вашите живеалишта.
Кога станува збор за темпераментот, померанците генерално важат за среќни, авантуристички кучиња од екстровертен тип - сакаат секогаш да се во центар на вниманието, на крајот од денот, нека ова не Ве залаже за да сметате дека тие би се повлекле во случај на конфронтација.
Имено, иако се работи за мали кучиња, бидејќи померанците се припадници на познатите мали раси на кучиња, сепак, имајте на ум дека овие миленици се доволно храбри да се спротистават на значајно поголеми кучиња без никаков проблем.
Воедно, тие се познати по нивната тврдоглавост, но и по тоа што можат да бидат навистина доминантни доколку не добијат адекватен тренинг.
Поради нивното специфично крзно, како сопственици на померанци, потребно е барем минимум 2 пати дневно да го чешлате нивното крзно, особено нивното внатрешно крзно, на кое доколку не му обрнете внимание, тој дел нема повторно да порасне со влакна.
Доколку се прашувате за бањањето, експертите препорачуваат да ги бањате барем три пати во месецот, бидејќи тоа е идеално за да влакното остане цврсто, токму онака како што му доликува на секој померанец.
Во поглед на животниот век и здравјето, просечниот животен век на овие кучиња се движи помеѓу 12-16 години, но, имајте на ум дека померанците се склони кон заболувања на забите, па најдобро би било да ги чистите нивните заби на секои 2 недели преку користење на специјална четка и паста.
Освен забите, овие домашни миленици се склони кон проблеми со заболувања како што се луксација патела, тумор на тестиси, сублуксација на вратните пршлени, отежнат пораѓај, аритмија, но и наследни проблеми од нервен каракер.
Поради тоа, експертите препорачуваат редовна контрола со цел да можете да ги избегнете овие сценарија или пак да ги оддалечите што е можно повеќе.
Без разлика дали вашата намера е да се подаруваат кучиња - померанци за вашите најблиски, или пак за купување поради сопствена грижа, Пазар3 ќе Ви излезе во пресрет нудејќи Ви неколку совети кои ќе Ви бидат од помош!
Педигрето игра значајна улога за животниот век, квалитетот на влакното но и отпорноста на болести на расата - померанец, па затоа, иако тоа би Ве чинело многу повеќе, сепак, тоа е далеку подобро отколку купување на померанци кои би биле склони кон заболувања.
За ваша среќа, Пазар3 Ви остава простор да објавите оглас за купување на секакви раси на кучиња, вклучувајќи и померанци кои ги одгледуваат докажани продавачи на оваа сорта на мали кучиња.
Секогаш стремете се кон купување на померанци на лице место, бидејќи на тој начин, Вие ќе имате подобра претстава околу физичкиот изглед на кучето, и дали истото има добра нега и третман од продавачот.
Доколку е можно, консултирајте се со професионалци и истражете детално дали кучето има некаков сертификат или пак доказ за потекло од родители кои имаат добри гени.
Оваа практика ќе Ви помогне да не инвестирате огромни средства на домашно милениче кое би имало потенцијални проблеми.
Како и секоја раса, така и померанците имаат свои негативни страни, но и позитивни страни кои се далеку по многубројни, а тоа ги прави овие кученца одличен избор за старци, но и парови кои живеат во станови и куќи.
Купувањето на померанец е повеќе добар избор за Вас, особено доколку карактеристиките кои сакате да ги има вашето куче се - елегантно движење, преубав изглед, одлично крзно, темперамент, висока интелигенција и можност за учење на разноразни трикови кои ќе пробудат интерес кај секоја возрасна група на луѓе!
Пораки
Информации за корисникот